Како ураганите ги добиваат имињата?

Од:

Ураганот Сенди овие денови е најважната вест во САД, а многумина често се прашуваат зашто таква застрашувачка опасност има безначајни, најчесто женски имиња.

Откако луѓето започнаа да ги следат и да известуваат за ураганите, се обидуваат да ги идентификуваат.

До 20-от век весниците и прогнозерите во САД на бурите им давале име кое упатувало на временскиот период, географската положба или интензитет, на пример Галвестон 1900, ураганот Празник на трудот 1935, бурата Големи езера 1913.

Австралискиот метеоролог Клемент Враџ започнал да им дава имиња на тропските циклони кон крајот на 19-от век, користејќи ги буквите од грчката азбука или ликовите од грчката и римската митологија.

За време на Втората светска војна, метеоролозите кои работеле за американските воздухопловни и поморски сили, исцртувајќи ги бурите над Пацификот, во чест на своите девојки и сопруги, ги нарекувале со нивните имиња.

Во 1945-та година новоформираниот Американски национален хидрометеоролошки завод, подоцна Националната метеоролошка служба вовел систем кој ја користел воената терминологија, но поради тоа што до 1953-та година опциите се исцрпиле преминале кон давање на женски имиња на ураганите.

Со оглед на тоа дека Америка била лидер во областа на временската прогноза, многу земји го следеле нивниот пример.

До 1960-та година одделни феминистички организации ја проблематизирале оваа ситуација, а тоа продолжило и во раните 1970-та година, кога американската национална метеоролошка служба е критикувана поради тоа што жените не можат да бидат симбол за уништување на живот или заедница, ниту да претставуваат катастрофа.

Во 1979-та година тие критики се делумно земени предвид и ураганите започнуваат да се именуваат и со машки имиња.

Во последните години имаме практика имињата на ураганите да се даваат на основа на листа која се ротира секои шест години. Во сеќавање ќе останат Катрина од 2005. и Ендрју во 1992. Тие две имиња се „пензионирани“.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала