Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Од:

Обилните врнежи на црногорското крајбрежје предизвикаа поројна поплава која поплави дел од Јадранската магистрала.

Во моментов, како што објави порталот РТЦГ, сообраќајот до тунелот Врмац е забранет. Од Будва до Котор се стигнува само по стариот тесен пат покрај брегот на заливот.

Дури и улиците во Тиват се прекриени со вода по силниот дожд што падна во текот на ноќта. Слична е состојбата во Котор и Будва.

Водата која го покри булеварот во изградба кон Тиват го отежнува минувањето на возачите на автомобили.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит