Американскиот претседател Барак Обама рече дека вечерашните напади во Париз се напад на целото човештво.
-Ова е ужасен обид на тероризирање на невини луѓе. Не е напад само на Париз, туку на целото човештво, рече претседателот на САД, Барак Обама.
САД се подготвени да и пружат секаква помош на Франција, рече тој.
-Стоиме до нив во борбата против тероризмот и екстремизмот. Париз е симбол на напредокот, рече Барак Обама.
Тој кажа дека американскиот народ сочувствува со францускиот “зошто помина низ истото“. Обама рече дека не го побарал францускиот претседател Франсоа Оланд затоа што претпоставува дека е зафатен.