Парк Геун-хе: Јужна Кореја е подготвена на дијалог со Северна Кореја

Од:

Јужна Кореја е подготвена да развива секаква форма на дијалог со Северна Кореја, изјави јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе, јави ТАСС.

– Можна е секоја форма на дијалог меѓу Југот и Северот, која ќе ни овозможи да ја отвориме вратата кон мирот и обединување на Корејскиот Полуостров. Не постојат препреки за организирање на меѓукорејски самит, доколку во потрагата по решение за севернокорејскиот нуклеарен проблем се гледа напредок и доколку се постигне одредено подобрување на односите меѓу Северот и Југот, нагласи таа.

– Тоа сепак ќе биде возможно само доколку Пјонгјанг демонстрира подготвеност за активен и искрен дијалог. Главен критериум ќе остане транспарентноста и подготвеноста на Северна Кореја да ги исполнува своите ветувата, додаде Парк Геун-хе.

Таа истакна дека за успешно решавање на нуклеарниот спор со Северна Кореја од суштинско значење е клучните држави од регионот да ги координираат своите напори.

– Во врска со тоа, јужнкорејската Влада, освен со САД ќе работи на развој на односите, зацврстување на пријателството и на взаемните активности со Кина, Јапонија и Русија, додаде Парк Геун-хе.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња