Косовската Влада соопшти денеска дека останува ангажирана во дијалогот што во Брисел се води за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и спроведувањето на постигнатите договори во тој процес. За нив одлуката за суспензија на договорот за ЗСО е од привремен карактер.
– Привремената мерка од Уставниот суд е нормална процедура и суспендира спроведување на договорот за генерални принципи и главни елементи на ЗСО во очекување на одлука на Уставниот суд, се вели во соопштение од Владата на Косово.
Во него се додава дека договорот од Брисел предвидува во точка 2 разгледување на ЗСО од страна на Уставниот суд за да се обезбеди усогласување со Уставот на Косово.