Светска Банка: Ова ќе биде тешка година за регионот

Од:

Невработеноста за Македонија останува главниот проблем, јавниот долг сеуште се контролира, но потребна е силна финансиска дициплина, се објаснува во Редовниот економски извештај на Светската Банка за југоисточна Европа. Ова ке биде тешка година за регионов, вели Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан.

За разлика од лани, поради несигурноста во регионот се забележува пад на економскиот раст. Јазот меѓу богатите и сиромашните расте на штета на средната класа. Граѓаните од југоисточна Европа штедат, не само на луксуз, туку и на храна и лекови.

Од Светската банка објаснуваат дека дека сега економиите на земјите во регионот полесно ке ги пребродат идните шокови за разлика од пред 2,5 години, кога започна кризата. Сепак инсистираат на внимателност. Сметаат дека Македонија сега може да се справи со евентуалното прелевање од грчката криза , но појаснуваат дека неопходно е намалување на сиромаштијата и невработеноста.

Ова е втор економски извештај на Светската Банка за југоисточна Европа. Првиот, пред 6-те држави од овој регион беше презентиран лани во Белград, вториот, денеска во Скопје.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

Тони Стојановски нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

A1on