Колумбиската полиција запленила 575 килограми кокаин, кој е пронајден во два автобуси со навивачи кои тргнале на квалификациски меч за Светски куп во Сантјаго.
Дрогата е откриена за време на викендот во местото Пасто, во близина на јужната граница на Колумбија со Еквадор.
Имено, дрогата е пронајдена под подот на автобусот како и под седиштата на двајцата возачи, кои се уапсени, пренесуваат локалните медиуми.