Тројца приведени за инцидентот на Клиника, лекарот надвор од животна опасност

Од:

Осомничени се три лица од Скопје на возраст 30, 34 и 36 години и се приведени во полициска станица, во врска со оружениот инцидент утрово во Клиничкиот центар во Скопје, при што беше повреден еден лекар. Во моментот се разговара со нив и се работи на утврдување на мотивите за нападот. Пиштолот е одземен и даден на вештачење и се утврдува кое од трите лица пукал кон лекарот, појаснуваат за МИА од СВР-Скопје.

Повредениот лекар од одделението за дигестивна хирургија е опериран и е надвор од животна опасност.

Како што соопшти СВР-Скопје, утрово во 9.30 часот во полицијата е пријавено дека во Клиничкиот центар, одделение за дигестивна хирургија имало пукање од огнено оружје од страна на непознато лице.

Од страна на СВР-Скопје е излезено на местото на настанот и е констатирано дека лекар од истата клиника во неговата канцеларија се здобил со прострелна рана во пределот на ногата и е надвор од животна опасност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов