Палестинка убиена при обид за напад

Од:

Една Палестинка е убиена утринава во обид за напад со нож на контролен пункт на Западниот брег, јавија израелските медиуми.

Во инцидентот нема други повредени, пренесува Танјуг.

Израелско Министерство за одбрана соопшти дека утринава околу седум часот Палестинка се приближила до автомобилите на контролниот пункт Елијах, крај еврејската населба Алфеи Менаше. Безбедносните сили на пунктот повеќепати побарале таа да застане, но не ги послушала, се наведува во соопштението од воениот ресор.

Кога биле истрелани куршуми за предупредување во воздух, Палестинската од својата чанта извлекла нож, а безбедносните сили тогаш пукале кон неа и ја убиле.

Израелската армија, исто така, соопшти дека војниците бараат уште едно лице за кое се сомневаат дека е вмешано во нападот, но не изнесуваат повеќе детали.

Израелските медиуми јавија дека жената оставила порака пред наводното самоубиство.

Од средината на септември дури 12 Израелци се убиени во палестински напади, главно со нож. Од друга страна и 75 Палестинци погинале од израелски оган, вклучувајќи ги и оние 48 за кои Израел тврди дека биле вмешани во напади и˝ обиди за напад. Останатите се убиени во судири со безбедносните сили.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски