ФИБА Европа денеска соопшти дека вкупно пет земји се кандидираа за добивање на организацијата на Европското првенство во 2017 година.
Пријавувањето траеше до до 2 ноември, а кандидати се: Полска, Романија, Израел, Турција и Финска.
Како што беше случај и со претходниот Евробаскет, постојат три опции: самостојно да се организира цел турнир, една група или цела групна фаза, како и завршната фаза.
Одлуката за доделувањето на шампионатот ќе биде донесена на 12 декември, а претходно комисија на ФИБА Европа ќе ги посети потенцијалните домаќини на ЕП 2017.