Американската вселенска агенција, НАСА објави триесет минутна снимка во висока резолуција на Сонцето, направена од научници кои управуваат со опсерваторијата Solar Dynamics.
Опсерваторијата го набљудува Сонцето од 2010 година снимајќи фотографии и видеа во десет различни бранови должини на светлината. Благодарејќи на тоа, опсерваторијата може да забележи различни температури на различни елементи на Сонцето.
Набљудувајќи ги различните типови на радијација, опсерваторијата придонесува за подобро сфаќање на активностите како што се струите на електричната плазма.