Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија смета дека неговата екипа синоќа против Реал Мадрид го одигра најдобриот натпреварот во досегашниот тек на сезоната, и покрај поразот од 1:0.
Парижаните имаа неколку големи шанси за гол, ја погодуваа рамката од голот на Реал, но домаќините ги освоија бодовите.
– Го одигравме најдобриот меч сезонава, беше тоа одлична претстава. Направивме една грешка и бевме казнети. Сепак бевме десет пати подобри од Реал. Некогаш е потребно да се има и малку среќа, изјави Ди Марија.
По 4.коло во А-групата ПСЖ е втор со седум бодови, три помалку од лидерот Реал.