Во првиот натпревар од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони што се одигра порано денеска заради временската разлика на Астана со остатокот од Европа, домаќинот, тимот на Астана избори реми против големиот фаворит Атлетико Мадрид со резултат 0:0.
Гостите имаа неколку идеални шанси за гол но Тијаго, Коке, Торес, Караско, Гризман и Хименес се изнапромашуваа.
Атлетико и понатаму останува на врвот на табелата сега со 7 бода, а Астана е на последното место со 2 освоени бода.