Израелската армија затвори палестинска радио-станица

Од:

Израелската армија соопшти денеска дека затворила палестинска радио-станица во Хеброн на Западниот брег со обвинувања дека поттикнувала напади со нож кои зачестија во реонот, и дека ширела лажни информации со цел – поттикнување насилства.

– Армијата ги конфискуваше материјалите подготвени за емитување за да се спречи кампањата што предизвикува бран насилства во регионот во изминатите недели, соопшти армиски портпарол.

Според обвиненијата радио-станицата Ал Хурија, тврди дека израелските сили егзекутираат и киднапираат Палестинци и целта на медиумот е провоцирање насилство.

Радио-станицата е формирана во 2002 година во Појасот Газа од Фатах. Откако исламистите презедоа контрола над Газа во 2007 година, медиумот се префрли во Хеброн.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски