(ВИДЕО) Заев: Очекувам договорот од Пржино да се спроведе во целост

Од:

Не верувам дека постои можност изборите да се одложат и искрено очекувам дека договорот ќе се спроведе во целост, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пред почетокот на една од дебатите од проектот „Визијата за Македонија“.

Партиите имаат уште неколку дена да се договорат пред Македонија да ја изгуби препорката од ЕУ. Како што рече Заев, преговорите се закочени кај Законот за Влада, надлежностите на министрите и на замениците министри.

-Социјалдемократскиот сојуз ќе направи се за да успее договорот од Пржино и за да не ја изгубиме препораката од Европската унија. СДСМ останува целосно посветена на договорот и на исполнувањето на обврските кои се предвидени со него. Целосно сме посветени, кооперативни и флексибилни – изјави Заев.

За повиците за одбрана на државата и излегување на барикадите од луѓе блиски на власта, Заев рече дека тоа се само налудничави идеи на поединци.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски