Одбележувањето на 100 години од Кумановската битка претставува порака за мир, соработка и разбирање што Македонија и Србија ја испраќаат до регионот и светот.
Ова го порача српскиот претседател Томислав Николиќ на брдото Зебњак кај Куманово, на централната манифестација по повод одбележувањето на 100 години од Кумановската битка.
„Прославата во пријателска Македонија е израз на почитување и сеќавање на една од најзачајните победи, со што започна цивилизацискиот пресврт во историјата на Балканот, Европа и на светот“, истакна Николиќ.
Оценувајќи дека денес проблемите не се решаваат со оружје, туку со мудрост, Николиќ рече дека на Србија и претстојат поинакви битки со значителна историска тежина.
На централната манифестација кај Куманово се собраа неколку илјади лица, а присуствуваат и српскиот премиер Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додиг и македонската министерка за култура, Елизабета Канчевска Милевска.