Ова е најбрзиот телефон на пазарот

Од:

Популарната крос-платформа Антуту објави попис на десет најбрзи паметни телефони за третиот квартал од оваа година. 

Треба да се потенцира дека избраните уреди моментално се наоѓаат на пазарот, не мора да значи дека штотуку се претставени на јавноста, т.е. можно е да се произведени и пласирани пред 2015 година. Критериумите и правилата за тестирањето ги постави АнТуТу, чие одредување на бенчмарковите и тоа како е ценето во светот.

Сигурно никогаш не би погодиле кој е на прво место. Имено, Меизу Про5 е малку познат модел на паметен телефон, пред се бидејќи го нема на нашиот пазар. Иако неодамна имаа проблеми со испораката поради големите поплави во Кина, Про5 ја засени конкуренцијата. Меизу Про5 под поклопецот крие Exynos 7420 процесор, а може да се пофали и со 1080 пиксели, за разлика од другите телефони кои имаат 1440 пиксели. Вкупниот број на бодови кои ги оствари овој модел е 76852.

Следните четири места ги заземаа моделите на Самсунг – Галакси Ноут 5, Галакси S6 Еdge +, Галакси S6 и Галакси S6 Еdge. Сите тие, како и Меизу Про5, користат Exynos 7420 процесор. Последните пет телефони имаат вграден Снапдрагон 810 процесор. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ