Францускиот Парламент донесе одлука со која абортусот станува бесплатен.
Сепак за да стапи во сила законот треба да биде одобрен од Сенатот, кој според последните информации ќе го поддрши законското решение.
Францускиот завод за здравствено осигурување до сега ги покривал трошоците за абортус на малолетните и сиромашните жени, а на останантите им исплаќал надомест во висина од 80 отсто од цената на процедурата, која може да чини и до 450 евра.