Во интервенцијата на полицијата против демонстрантите фрли солзавец и шок бомби, а на улиците излегоа хамери. По 20 минути хаос протестот е разбиен, но останува напнато. Демонстрантите се обидоа насилно да влезат во црногорското собрание, по што следуваше интервенција во која има повредени.
Според последните информации на плоштадот се наоѓаат полициски џипови, а на социјалните мрежи се наведува дека има многу повредени.
РТС пренесува дека демонстрантите фрлале на собранието со петарди и дека извикувале “ Нема повеќе чекање“ .
Танјуг јавува дека по 22 часот се слушнале истрели, но се уште не се знае кој пукал. Голем дел од демонстрантите тогаш почнале да трчаат, јави агенцијата.
Владата на својот Твитер налог напиша дека демонстрантите брутално ја нападнале полицијата и дека се спречени во нивните намери да ја напаѓаат полицијата.