Полициски час во центарот на Чикаго по нередите

Од:

Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по вчерашната ноќ исполнета со насилство и грабежи, кое се случи поради лажните извештаи дека полицијата застрелала еден човек.

Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација дека полицијата во неделата застрелала осомничен.

На видеа објавени на социјалните медиуми се гледаат стотици луѓе како ограбуваат и се судираат со полицијата.

Полицијата во Чикаго од понеделникот уапси повеќе од 100 лица за грабеж, нарушување на јавниот ред и напади врз полиција.

Полицијата пријавила и размена на оган со осомничени во раните утрински часови.

Градските власти привремено ги прекинаа транспортните услуги до центарот на градот и ги крена мостовите.

Официјални лица соопштија дека 13 полицајци биле повредени во текот на ноќта, меѓу кои еден бил погоден со шише, а еден цивил и еден полицаец биле ранети од огнено оружје.

Чикаго е еден од ретките американски градови каде употребата на оружје и убиства од неодамна е зголемена.

Најсмртоносен ден во последните 30 години беше во јуни.

Би можело да ве интересира

Ограбена е менувачница во Чаир

ВИДЕО: Млад црнец пукаше кон полицајци во Чикаго, му возвратија со 94 куршуми

30 милиони долари украдени во историски грабеж во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Насилници барале пари од момче, па го раниле со нож

Горан Наумовски

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец