Жртва на немирите во Франција: Загина додека гаснеше запалени автомобили

Од:

Француски пожарникар загина обидувајќи се да изгасне запалени автомобили во подземна гаража северно од Париз, додека немирите во француската престолнина продолжуваат поради полициското убиство на тинејџер од алжирско-мароканско семејство.

По овој настан се огласи францускиот министер за транспорт, Клеман Бон, кој рече дека неговите мисли „се насочени кон јавните службеници, кои деноноќно се мобилизираат за да се врати мирот“.

Властите соопштија дека полицијата уапсила повеќе од 150 луѓе ширум Франција во немирите во текот на ноќта, многу помалку од претходните денови, а тројца полицајци биле повредени.

Тинејџерот со алжирско-мароканско потекло Нахел Мерзук беше убиен од полицаец во вторникот во Нантер, бидејќи наводно не сакал да го запре автомобилот. Смртта на 17-годишното момче предизвика бран незадоволство и протести кои се претворија во судири со полицијата во Париз и ширум Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано