Продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите

Од:

Со вечерашните осум дуели од 3.коло во групите Е, Ф, Г и Х продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите. Две екипи ќе се обидат да останат со максимален учинок бидејќи во овие четири групи единствено Баерн и Зенит имаат по 6 бодови.

Баерн гостува во Лондон кај Арсенал, додека Зенит е домаќин на Олимпик Лион.

Двојки за вечерашните дуели од 3.коло:

Е група: БАТЕ Борисов – Барселона, Баер Леверкузен – Рома.
Табела: Барселона 4 бодови, Баер Леверкузен 3, БАТЕ Борисов 3, Рома 1.

Ф група: Арсенал – Баерн Минхен, Динамо Загреб – Олимпијакос.
Табела: Баерн 6 бодови, Олимпијакос 3, Динамо Загреб 3, Арсенал 0.

Г група: Порто – Макаби, Динамо Киев – Челзи.
Табела: Динамо Киев 4, Порто 4, Челзи 3, Макаби 0.

Х група: Зенит – Олимпик Лион, Валенсија – Гент.
Табела: Зенит 6 бодови, Валенсија 3, Гент 1, Олимпик Лион 1.

Натпреварите од другите четири групи се играат утревечер.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска