Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром Дамјан Стојановски со својата добра игра и постигнатиот учинок на гостувањето во Никшиќ против Сутјеска си обезбеди место во најдобрата петорка на шестото коло од АБА лигата.
Во првиот гостински триумфот на МЗТ Скопје македонскиот репрезентативец имаше ефект од 15 поени, осум скокови и две асистенции за собрани 24 индексни поени или трет најдобар резултат во колото.
МВП е Иве Иванов од Крка со 27 инд.поени, а во ТОП 5 се уште и:
Никола Ивановиќ од Мега Лекс – 27 инд.поени,
Гал Мекел од Црвена звезда – 22 инд.поени и
Иван Раденовиќ од Игокеа – 22 инд.поени.