Деновиве на индискиот пазар Самсунг го претстави новиот смартфон со Тизен оперативен систем. Станува збор за уред Z3, кој претставува подобрен модел во однос на Z1 моделот, од почетокот на годинава.
Новиот Z3 доаѓа со поголем екран од 5 инча и поголема резолуција од 1280 x 720 пиксели. Подобрувања се забележуваат и по прашање на Spreadtrum Soc, кој има четири јадра брзина од 1,3 GHz.
Уредот е опремен и со 8 GB простор за складирање податоци со можност за проширување преку micro SD картичка, како и задна камера од 8 и предна од 5 мегапиксели со ултра широка леќа за групните селфија.
Цената за индискиот пазар изнесува 8.400 рупии, па се очекува во Европа да чини околу 115 евра.