Премиерот, Никола Груевски, прв од партиските лидери ќе се сретне со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој денеска пристигна во Македонија.
Пред да влезе во резиденцијата на ЕУ во Пржино, тој тивко ги одмина новинарите без да одговори на нивните прашања.
Во придружба на Груевски е министерот за надворешни работи, Никола Поповски. По него, Хан ќе има средба со останатите партиски лидери. Последната е со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по што ќе следи групна средба.