Четири војници и над 20 бунтовници загинаа во жестоки судири во Турција

Од:

Четири турски војници и над 20 курдски бунтовници се убиени во интензивни судири во југоисточниот дел на Турција, соопштија безбедносните сили.

Судирите, кои траат неколку дена во планинскиот реон Даглеџа во округот Хакари, во близина на границата со Ирак, се многу жестоки. Во нив учествуваат и хеликоптери, и покрај објавеното еднострано примирје од Курдската работничка партија (ПКК) пред одржувањето предвремени парламентарни избори на 1 ноември во Турција.

Од крајот на јули ПКК ја обнови својата кампања за напади против турските безбедносни сили, убивајќи над 150 полицајци и војници. Турската армија од своја страна ги зајакна своите операции против бунтовниците на турска територија и во северниот дел на Ирак, каде ПКК има свои бази.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени