САД: Иран ги крши резолуциите на ОН

Од:

Минатонеделното тестирање на балистичка ракета од страна на Иран, претставува кршење на резолуциите на ОН, изјави американскиот амбасадор при Светската организација, Саманта Пауер.

– По разгледувањето на расположливите информации, можеме да потврдиме дека на 10 октомври Иран лансирал ракета со краток дострел, кој може да носи и нуклеарна боева глава. Тоа е јасно кршење на резолуцијата 1929 на Советот за безбедност на ОН, изјави Пауер.

Таа најави дека САД се подготвуваат ова прашање да го покренат пред Советот за безбедност на ОН, со цел да се преземе соодветен одговор на непочитувањето на меѓународните обврски од страна на Иран.

Иран минатата недела лансираше нова ракета со среден дострел наречена „Емад“ („Самодоверба“), која треба да го замени веќе застарениот модел „Шахаб-3“

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски