Хрватска приговара за странските војници на границата со Унгарија

Од:

Хрватска има приговори кон помошта на Чешка за заштита на надворешните граници на Шенген зоната во Унгарија, јавија локалните медиуми.

– Јас тоа не го гледам како пријателски гест. Доколку сакаат навистина да помогнат би требало да испратат луѓе на грчко-турската граница или во Македонија, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ во врска со распоредувањето на странски војници на унгарско-хрватската граница.

Унгарија на границата со Хрватска и со Србија постави бариера која треба да спречи масовна миграција.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Чешка во Унгарија на два месеци, испрати 21 чешки војник како логистичка поддршка за заштита на надворешната граница на ЕУ и шенгенскиот простор. На барање на Унгарија и Словачка испрати 50 полицајци за заштита на унгарско-српската граница.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик