Косовската опозиција повторно пушти солзавец во парламентот

Од:

Пратеник од опозицијата во косовскиот парламент денеска пушти солзавец во парламентарната сала, што е втор таков инцидент неделава, во знак на протест против договорот со Србија, постигнат во посредство на Европската унија.

Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово активира граната солзавец, додека претседателот на парламентот се обиде да ја отвори седницата. Сите пратеници беа евакуирани.

Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот