Од утре во Хрватска се легализира употребата на индиски коноп за медицински цели

Од:

Од утре во Хрватска стапува во сила Правилниот на Министерството за здравство со кое се дозволува употребата на индиски коноп за медицински цели за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

Според правилникот, како што јави ФЕНА, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабионол (ТХЦ), донабимол и набилон.

Рецепти за овие леоови ќе можат да препишуваат лекарите по општа пракса, педријатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите, врз основа на препорака на специјалисти по неурологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и неуропедијатрија.

Лековите што содржат ТХЦ ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена, при што вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик