Зошто Хомосапиенс е единствен преживеан човечки вид?

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Хомо сапиенс се појавил пред околу 200.000 години, кога постоеле неколку видови на хоминиди, но денес на Земјата сме само ние. Зошто сме успеале да преживееме, кога сите наши најблиски роднини изумреле?

Пред се важно е да се истакне дека истребувањето на некои видови е номинален дел од еволуцијата. Во таа смисла, не е чудно што другите човеколики видови изумреле, но чудно е зошто овој свет има простор за само еден вид на човек.

Нашите најблиски роднини се мајмуните од групата хоминиди (големите човеколики мајмуни), од кои покрај современиот човек, денес постојат шимпанза, бонобо (Pan paniscus), два вида на горили и два вида на орангутани.

Постојат и неколку траги кои упатуваат зошто некои наши роднини имале помала среќа од нас.

Пред неколку милиони години кога на Земјата живееле многу видови на хомимини, тие главно јаделе растенија. „Нема докази дека систематски ловеле поголеми животни‟, вели Џон Ши од Универзитетот Стоуни Брук во Њујорк.

Меѓутоа, условите се промениле и хоминините се преселиле од шумите во сувите пространи савани и станале месојадци. Проблемот е во тоа што и животните кои ловеле исто така имале помалку растенија за прехрана, па земено во целина храна имало премалку за сите. Поради тоа многу видови биле истребени.

„Човечката еволуција некои видови ги направила месојадни, па би било логично да ги има помалку‟, вели Ши. Меѓутоа, иако тоа секако влијаело на намалување на бројот на видовите, не може да се објасни зошто на светот останал само еден вид – Хомо сапиенс.

Пред 30.000 години на земјата покрај модерните луѓе живееле уште три видови: неандерталците во Европа и во западна Азија, денисовијанците во Азија и т.н. „хобити‟ на индонезискиот остров Флорес.

Хобитите веројатно живееле до пред 18.000 години, а од лицето на Земјата биле збришани од голема вулканска ерупција. (Животот во изолираните средини, како острови, видовите ги прави подложни на истребување поради природни катастрофи).

Не е познато зошто денисовијанците биле истребени. Од нив останала само една коска на мал прст и два заба. Меѓутоа, многу повеќе знаеме за неандерталците затоа што сме нашле многу фосили од овие наши предци. За да откриеме зошто на светот постои само Хомо сапиенс, мора да откриеме зошто другите видови изумреле.

Археолошките докази сугерираат дека неандерталците едноставно биле потиснати од растот на бројот на модерните луѓе, смета Жан Жак Хаблин од институтот Макс Планк за еволутивна антропологија во Лајпциг.

Тие живееле долго пред нас и веќе биле во Европа додека ние сме ја населувале. До времето кога модерните луѓе се сместиле на Стариот континент пред околу 40.000 години, неандерталците тука живееле подолго од 200.000 години и успеале да се прилагодат на студената клима. Носеле топла облека, биле одлични ловци и имале софистицирани камени алатки.

Меѓутоа, Европа ја зафатиле климатски промени и неандерталците тоа не можеле да го поднесат. Не им пречела толку температурата, колку што им пречела средината и исчезнувањето на многу видови кои ги ловеле и од кои живееле. (Инаку, главно ловеле поголеми животни, додека модерните луѓе фаќале помали животни).
Освен тоа, модерните луѓе имале и подобри алатки, па дури и симболични уметнички дела, што укажува на тоа дека луѓето разменувале информации меѓу различни културни групи и така се држеле заедно.
Десетици илјади години пред да ги развиеме тие способности, модерните луѓе и другите хоминини имале речиси еднакви шанси за опстанок. Меѓутоа, нешто довело до тоа токму Хомо сапиенс да биде тој кој ќе основа цврсти општества и ќе стане способен за апстрактно мислење, што му дало предност во однос на сите останати.

Како што растела популацијата на модерните луѓе, за другите видови имало се помалку место и на крај сосема исчезнале.

Значи, гледано од тој агол, за опстанокот можеме да се заблагодариме на нашата креативност. Сепак, постои уште една можност која не можеме да ја игнорираме – дека човекот ги преживеал сите тие турбуленции само така случајно. Можеби неандерталците едноставно го извлекле подебелиот крај. 

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он