Партиски извори за А1он брифираат дека очекуваат, денеска белгискиот експерт Питер Ванхауте да им достави предлог на партиските работни групи, за тоа како би изгледале новите изборни правила. Овој негов предлог би требало да ги имплементира и ставовите и забелешките кои му ги кажаа на одвоените средби во петокот.
Најголем проблем и разлики е гласањето на дијаспората останува камен на сопнување во преговорите за изборната регулатива. Последниот предлог на белгискиот експерт беше дијаспората да не гласа, на што се спротивставува ВМРО-ДПМНЕ.
„Се бориме за уставната еднаквост на гласот. Нашиот предлог е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови колку што се бира во Македонија“, вели лидерот на опозицијата Зоран Заев за ова прашање.
Се уште е отворено прашањето за бројот на изборните единици. По неприфаќањето од другите партии, но и од страците за мнозински изборен модел, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со ДУИ и ДПА се залага за постојниот модел со 6 изборни единици, доколку не остане гласањето на дијаспората.
Пропорционален модел со една изборна единица, според СДСМ е најправично решение.
Другите прашање се целосно или делумно усогласени, како што се прочистувањето на избирачкиот список преку теренска проверка и вкрстени информации, нов состав.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера од Прилеп порача дека очекува во вторник новиот Изборен законик да влезе во собраниска процедура.
„Важно е тоа што е договорено на 2 јуни да се испочитува целосно и во смисла на содржина и во смисла на временските рокови. Очигледно во некои активности роковите се пробиени, но останува обврската за политичките партии да го испочитуваат тоа што е договорено, значи Македонија за да има извештај кој е афирмативен за Република Македонија пред Советот на Европска унија, то ест, да се испочитува целосно пакетот, односно договорот од 2 јуни и да се работи во исполнување на сите реформи од ургентните реформски приоритети. Овие се обврските што ги има Република Македонија“, вели вицепремиерот Бесими.
По ова продолжуваат преговорите за реформа на медиумите, пред се на МРТВ.