По средбата со ДУИ која траеше час и половина, олеснувачот на преговорите Питер Ванхауте, замина на средба со СДСМ, во партиското седиште.
Како што е познато претставникот од ЕУ, на партиите денеска им го изложува предлогот за изборен законик. Ставот на партиите засега не е познат. По средбата со Артан Груби од ДУИ во Собранието, никој од нив не сакаше да даде изјава. Ванхауте рече само дека нема коментар, но дека цело време е оптимистичен.
Се очекува посредувачот да се сретне со претставници од владејачката партија, по средбата со СДСМ, но се уште не е договорено дали денеска ќе се одржат преговори со учество на сите партии.
Маја Васева