Партиите ќе дебатираат по „скроениот“ Изборен законик од ЕУ

Од:

Денеска продолжуваат разговорите за новите изборни правила и Избирачкиот список.

Според најавите, странските претставници ќе достават готова верзија на Изборниот законик, за кои претставниците на 4-те партии ќе треба да се изјаснат.

Извори од опозицијата, за А1он велат дека отворени се прашањата за дијаспората и начинот на гласање во ДИК. Договорено е ДИК да има поголеми надлежности, да има јавност во одлучувањето, а жалбените постапки да одат во Управен суд, кој пак ќе биде мониторинг-комисија.

Избирачкиот список најверојатно, како што брифираат извори од опозицијата, ќе биде прочистен целосно теренски дополнето со вкрстување на базите на податоци од МВР, Фондот за здравствено осигурување, УЈП и други институции. Механизмите како ќе се прави тоа дополнително ќе се утврдуваат.

Во однос на прашањето за гласање на дијаспората, според СДСМ, ставот на меѓународната заедница бил или да се договорат прашањата за дијаспората, или да не можат да гласаат на овие избори.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да има тројца пратеници како досега и да им се овозможи полесно остварување на правото на глас

Следни теми што треба да се отворат во работните групи по носењето на изборните измени се медиумите, владата, Законите за забраната на т.н. бомби и за свиркачите.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски