Тајланд ќе побара координирана акција на АСЕАН за надминување на последиците од пожарите во Индонезија

Од:

Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока денеска изјави дека ќе побара сите 10 држави на АСЕАН да учествуваат во координирање на акциите за гаснење на повеќе од 1.000 пожари во Индонезија, од каде облаци чад допираат до Сингапур и Малезија, а од пред два дена и до делови на Тајланд.

Концентрацијата на смог во југозападните области на Тајланд од завчера е над границата која се смета за опасна по здравјето, па и во овој дел на југоисточна Азија се затвораат училишта и градинки, а штети трпи и економијата.

Пораката на тајландскиот премиер аналатичарите во регионот ја протолкуваа и како прва „јавна опомена’’ до Индонезија во која од август наваму се регистрирани над 15.000 пожари со кои пожарникарите, потпомогнати и од десетици илјади припадници на армијата тешко се справуваат.

Од причини непознати за јавноста, преговорите меѓу Индонезија од една и Сингапур и Малезија од друга страна, за заеднички акции за гаснење на пожарите не дадоа резултат.

Поради вдишување на воздух со голема концентрација на смог во Индонезија досега се регистрирани 64.000 медицински интервенции, а околу 1.000 лица се заболени од акутна пневмонија, Во Сингапур и Куала Лумпур деновиве сите на улица носат маски за дишење, а вакви маски до загрозените жители денеска бесплатно делат и медицинските власти во Тајланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе