Кошаркарите на Црвена Звезда одбраната на титулата во АБА лигата ја почнаа со победа откако синоќа во првото коло на домашен терен ја совладаа екипата на Мега Лекс со 76:70.
Најефикасен на дуелот беше Цирбес со 19 поени, додека за екипата на Мега Лекс македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски постигна 6 поени со 6 скокови.
На другите дуели одиграни вчера од првото коло беа постигнати следниве резултати: Унион Олимпија – МЗТ Скопје Аеродром 91:76, Задар – Цибона 62:53 и Будуќност – Крка 81:65.
Денеска се играат натпреварите: Тајфун – Сутјеска, Цедевита – Игокеа и Металац – Партизан.