Канческа – Милевска: Проектите за обнова на Трескавец завршени, наскоро тендер за избор на изведувач

Од:

Проектите за обнова на опожарените конаци на Трескавец се целосно завршени и очекуваме идната недела прилепскиот „Завод и музеј“ да ја почне постапката за објавувањето на тендерот за избор на изведувач и да почне обновата на опожарените конаци, изјави денеска министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска при посетата на реновираната староградска куќа на семејството Жеревци во Прилеп.

– Помина и позитивната ревизија. Многу се работеше изминатиот период. Се трудевме максимално да одиме со завршување на сите проекти, да завршат сите одеднаш, а не фазно и да се објави еден тендер за изведувач кој ќе се однесува на сите проекти заедно. Во фаза сме на добивање конзерваторско решение од Управата за заштита на културното наследство. „Завод и музеј“ Прилеп ќе може следната недела да ја почне постапката за објавување тендер за изведувач и за брзо време тој да биде избран, рече Канческа- Милевска.

Нагласи дека во текот на октомври ќе бидат промовирани целосно завршените проекти во манастирите Зрзе и „Свети Архангел Михаил“ во Варош.

– Овој месец ќе се промовираат два значајни проекти. Целосната реконструкција на манастирскиот комплекс во Зрзе, како и патот кој е веќе изграден до манастирот. Овој месец ќе го промовираме и изградениот источен конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош, додаде Канческа – Милевска.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски