Тренерот на Челзи Жозе Мурињо по синоќешниот пораз од Порто (2:1) рече дека неговиот тим одиграл добар меч и не заслужил да загуби, а според Португалецот на „сините“ од Лондон не им бил досуден и пенал.
– Не одигравме толку лошо и не заслуживме да изгубиме. Едноставно, направивме две наивни грешки и бевме казнети. Некогаш противникот знае да ги казни грешките. Цела седмица трениравме ситуации од корнер, одлично ги знаевме сите нивни акции од вакви позиции, не знам што повеќе да додадам, истакна Мурињо.
Португалецот иако за поразот не ги смета за директни виновници судиите, сепак им најде замерка за делењето на правдата.
-Имаше чист пенал во финишот. Срамота е како судијата зад голот не реагираше со сугестија до главниот арбитар. Сепак, ќе повторам дека мечот го решија нашите грешки, додаде Мурињо.