И Кина се вклучува во борбата против ИД, тврдат сириски официјални претставници

Од:

Кина ќе и помогне на сириската Влада во борбата против Исламска држава со испраќање „воени советници“, изјавија сириски воени официјални лица.

Русија, Иран и Ирак веќе се договорија да воспостават заеднички информативен центар во Багдад за да ги координираат своите операции против екстремистите од ИД, наведуваат воено дипломатски извори.

– Кинези ќе пристигнат во следните недели, изјави сириски воен претставник за либански медиум, пренесуваат западни агенции.

Во извештајот се вели дека кинески брод е на пат кон Сирија со десетина „воени советници“ по што Кина планира да испрати војници. Бродот го минал Суецкиот канал во Египет и се движи во Средоземното Море. Според либанските медиуми, кинеските воени советници ќе му се придружат на рускиот персонал во областа Латакија.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС