Отворено писмо до г-дин Трифун Костовски

Од:

Оваа чаша не можам да ја голтнам. Не можам, не само поради невкусот и смрдеата на полтичката арена на нашава држава што се уште не е тоа. Немојте господине Костовски, не одете меѓу морално контаминираните, меѓу изгнасените. Верувам помните, на еден многу референтен форум, под Ваше покровителство, никој не се спротивстави на тезата дека политиката на овие простори се толкува на највулгарниот можен начин (за жал) и така се практикува (за срамота). Проституција (чест и почит на исклучоците ако ги има).

Проституција, безмалку идентична на ординарната. А Вам местото не Ви е таму. Тие не се друштво за Вас. Тие многу сакаат да Ве имаат покрај себе, да Ве приграбат, да си ги поправат богатите биографии (ни жени ни риби со менталитет на влекачи).

Зарем Вие кој безброј пати помагавте и помагате да им ја вратите вербата во животот на обезнадежените, спасувате и спасувате животи, лекувавте и ги окуражувавте, подржувавте. Вие кој беспоштедно се дававте себе си во сите дејности. Храмот на Пресвета Богородица, ракометот…

Помнам и не заборавам колку пати во Виена ги пречекувавте македонските каратисти, им ги плаќавте трошоците, ги финансиравте. И уште што не. Има едно новинарско правило што гласи: немам време да пишувам кратко . Јас немам доволно простор да ги набројам Вашите доброчинства.

Зарем Вие да се симнете од престолот на добрините во калта на политиката. Вас да Ве носат како светливо медаљонче со манир на секоја ,,пристојна’’ спонзоруша. За да се сокрие значението на зборот. А него (зборот спонзоруша), освен во практиката и во политиката, го нема во речникот на македонскиот литературен јазик. Сепак има една нијанса како морална различност: проститутките, тротоарки или борделки, си го продаваат телото за да се прехранат. Спонзорушите, ( црни,црвени или тајкунарки), си ја продават душата. За статус. Со такви бездушници ли, господине Костовски? Таквите, нема да ви ја простат самостојноста и моќта на вашата личност. Дури и се одмаздуваат за тоа. Останете на врвот на доблестите. Не меѓу запизмените. Над нив.

Со многу почит и верба

Бранко Радовановиќ

Би можело да ве интересира

Трифун Костовски: Оркестрирано се брани корумпираниот систем

A1on

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

A1on

(ВИДЕО) Костовски: Гувернерите на Народна Банка се под ингеренција на Хари Костов од Комерцијална

A1on

Трифун Костовски: На 22 август ја објавувам вистината за стечајот на Еуростандард банка

Костовски бара оставка од Антикорупциска, не покажала интерес и не отворила предмет за Еуростандард банка

Ана Ололовска

Костовски: Лицата кои се под истрага за Еуростандард банка да се идентификуваат со име и презиме

Жарко Настоски