Костовски: Се извинувам на сите кои се почувствувале навредени, немав никакви задни мисли

Од:

Претседателот на Здружението за општествено економски просперитет – ЧОВЕКОТ ПРЕД СЕ, Трифун Костовски, преку соопштение го искажа својот став околу реакциите на јавноста за неговите изјави.

“Длабоко се извинувам, до оние кои се почувствувале навредени. Но, мојата совест е мирна. Во мојот исказ немаше никаква задна мисла, ниту пак сакав да ги повредам чувствата на кој било човек, а најмалку чувствата на Македонците од Егејска Македонија. Би сакал да нагласам дека и самиот во своето потекло имам корени од тој дел на Македонија. Но, тоа не значи дека треба слепо и некритички да мислам за она со коешто не се согласувам.

Изјавата, која ја дадов, е адресирана до одредена личност, која потекнува од тој дел на Македонија и кому му дадов грешна титула на организатор на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но тој е само обичен извршител.

Нека им служи на чест на сите провладини режимски медиуми и портали, за оркестрираното дискредитирање на мојата личност и моите дела за Македонија. Тоа го очекував, меѓутоа не до степен на понижување на највулгарен начин, иако само тоа и знаат да го прават.

Трифун Костовски
Претседател на Човекот пред сè“

Би можело да ве интересира

Трифун Костовски: Оркестрирано се брани корумпираниот систем

Орце Костов

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

Орце Костов

(ВИДЕО) Костовски: Гувернерите на Народна Банка се под ингеренција на Хари Костов од Комерцијална

Орце Костов

Трифун Костовски: На 22 август ја објавувам вистината за стечајот на Еуростандард банка

Костовски бара оставка од Антикорупциска, не покажала интерес и не отворила предмет за Еуростандард банка

Ана Ололовска

Костовски: Лицата кои се под истрага за Еуростандард банка да се идентификуваат со име и презиме

Жарко Настоски