Меси со јубилеен 100-от дуел, Венгер го претрпе 50-от пораз, Касиљас го изедначи рекордот по број на настапи во ЛШ

Од:

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа беше комплетирано првото коле кое добра причина да го паметат имаат Лионел Меси и Икер Касиљас, но не и тренерот на Арсенал Арсен Венгер.

Шпанскиот голман Икер Касилјас беше на голот на Порто и за него дуелот со Динамо Киев е 151-ви во елитното натпреварување со што се изедначи со својот сонародник Чави по бројот на настапи.
Касиљас има одиграно 151 натпревар во ЛШ и му фали уште еден да избие сам на врвот на оваа листа.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси (28) во Рим против Рома го одигра јубилејниот 100. натпревар во Лигата на шампионите и тоа како најмлад во историјата на ова натпреварување.

Неславен рекорд постави Венгер кој стана првиот тренер во елитното натпреварување со 50 порази. Сепак, со оглед на две деценискиот стаж на клупата на Арсенал ова бројка не е „разочарувачка“.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска