Фудбалерот на Челзи од средниот ред Цеск Фабрегас беше задоволен од победата на „сините” против Макаби со 4:0 првото коло од групата Г во Лигата на шампионите.
– Сите играчи чувствуваме дека ни е потребно една ваква партија со добра игра и добар резултат. Бевме доминантни и се надевам дека ова е почеток на една голема серија, изјави Фабрегас, кој синоќа беше стрелец на еден гол.
Со констатација на Фабрегас се согласува и играчот од одбараната Гер Кејхил.
– Имавме тежок почеток на сезоната, но знаеме со какви играчи располагаме. Ова беше вистински натпревар да ни се подигне самодовербата и во сабота против Арсенал мора да го потврдиме тоа, нагласува Кејхил.