Унгарија би можела да изгради ограда и на границата кон Романија

Од:

Унгарската Влада донесе одлука да изработи план за изградба на ограда и на границата на Унгарија кон Романија, доколку бегалците ја променат својата маршрута и започнат да пристигнуваат во земјата од романска територија, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Решивме да започнеме подготвителни работи за изградба на ограда долж унгарско-романската граница со разумна должина, во случај имигрантскиот притисок да се насочи кон Романија, изјави Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.

За да го спречи приливот на илегални имигранти во земјата, Унгарија веќе изгради ограда на својата граница кон Србија.

Би можело да ве интересира

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се