Со вечерашните осум натпревари стартува новата сезона од Лигата на шампионите, а титулата ја брани екипата на Барселона.
Од дуелите кои ќе го отворат првото коло најмногу внимание привлекува натпреварот меѓу вицепрвакот на Англија Манчестер Сити и ланскиот финалист на ова натпреварување и шампион на Италија Јувентус. Во новата сезона во националните шампионати „граѓаните“ имаат максимален учинок (пет победи), додека Јувентус е во слаба форма и има само еден бод од три натпревари.
Двојки за вечерва:
Реал Мадрид – Шахтјор, ПСЖ – Малме (А група),
ПСВ Ајндховен – Манчестер Јунајтед, Волфсбург – ЦСКА Москва (Б група),
Бенфика – Астана, Галатасарај – Атлетико Мадрид (Ц група), Манчестер Сити – Јувентус и Севиља – Борусија Менхенгладбах (Д група).
Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.
Дуелите од другите четири групи се играат утревечер.