Милошоски: Разговорите денеска се сериозни

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека денеска сериозно ќе се разговара за договор околу законот кој ќе се однесува на специјалниот јавен обвинител.

-Разговорите се денеска сериозни – им рече на новинарите на влезот од Клуб на пратеници.

Милошоски за прв пат учествува во преговорите на работните групи. Од ВМРО- ДПМНЕ преговараат министрите Никола Поповски и Никола Тодоров, наспроти Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски од СДСМ. Како засилување на опозицијата овој пат присутна е и Цветанка Ивановска.

Во Клуб на пратеници пристигнаа и претставници од албанските партии. Средбата започна нешто по 14.00 часот. Присутен е и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО