САД и подари на Хрватска 16 борбени хеликоптери

Од:

Американскиот Конгрес пред неколку недели ја одобрил испораката за Хрватска на 16 лесни разузнавачки борбени хеликоптери „Кајова вориор“, согласно програмата за подарување на вишокот хеликоптери од составот на американската армија, информира хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Вкупната вредност на подарокот изнесува 100 милиони долари, а во следните три години хрватската армија ќе треба да плати околу 20 милиони долари за резервни делови, обука и муниција за нив.

Хеликоптерите се целосно модернизирани и ремонтирани во 2011 година и се снабдени со најсовремена техника, неопходна за военото разузнавање.

Хрватска хеликоптерите ќе ги користи за одбрана на својата територија, за набљудување на границите, како и за учество во меѓународни операции.

Борбените хеликоптери се очекува во земјата да пристигнат до крајот на 2016 година.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува