Маратонски и мачни преговори. Извори од тимовите за А1он велат дека до два часот по полноќ траела средбата на работната група за специјалниот јавен обвинител.
Конечен договор, вели нашиот извор, нема, но има приближување на ставовите и надеж дека рокот ќе се испочитува.
ВМРО-ДПМНЕ и натаму одбива на специјалниот обвинител да му создаде услови за работа со формирање сопствен тим.
Заради обемот и тежината на случајот потребни се 10-12 обвинители во тимот.
Преговорите продолжуваат и денеска за да може законските измени да се достават утре до Собрание, а веднаш да почнат договорите која е вистинската личност за оваа функција, од која многу се очекува.
Доколку нема договор во крајно договорениот рок, конечното решение ќе го даде меѓународниот фактор, кој е гарант на договорот. Еврокомесарот Јоханес Хан, во Скопје доаѓа на 18-ти септември.
Т.Ц.