Фудбалерите на Спартак и Бенфика, на „Лужники“ во Москва, го одиграа првиот натпревар од третото коло во Лигата на шампиони.
Спартак победи со 2:1, со што ги освои првите бодови во елитното натпреварување во новата сезона.
Кариока во 3. минута му донесе предност на Спартак, израмни Лима во 33. минута, а Жардел со автогол во 43. минута го постави конечниот резултат.
Бенфика со овој пораз остана на само еден освоен бод.