Нерешено на отворањето на третиот круг во Примера

Од:

На првиот натпревар од третото коло во шпанската Примера Леванте и Севиља одиграа без победник 1:1. Севиља и покрај раното водство не успеа да ја запише првата победа во новата сезона.

Стрелец на водечкиот гол за гостите беше Стевен Н’зонзи во 12.минута, Леванте изедначи преку Виктор Камараса во 58.минута.

Четири натпревари се играат денеска:
Еспањол – Реал Мадрид,
Спортинг Хихон – Валенсија,
Атлетико Мадрид – Барселона и
Бетис – Реал Сосиедад.

Неделната програма ја сочинуваат натпреварите:
Гранада – Виљареал,
Атлетик Билбао – Хетафе,
Селта – Лас Палмас и
Малага – Еибар.

Третата рунда во најквалитетното шпанско фудбалско првенство ќе биде комплетирана в понеделник со дуелот Рајо Валекано – Депортиво.

На првите четири позиции се наоѓаат Селта, Еибар, Атлетико Мадрид и Барселона со по шест освоени бодови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска